Прва лигаФудбал

Францускиот интернационалец Ворен Чимбембе ново засилување на ФК Вардар!

Сподели
ФОТО: FC Metz
Сподели

Екипата на Вардар, го донесе едно од најзвучните засилувања ова лето – францускиот фудбалер со потекло од Конго, Ворен Чимбембе. Договорот со дваесет и  шест годишниот играч е веќе потпишан, а тој ќе биде сериозно засилување за тимот во новата сезона.

Чимбембе игра на позицијата централен или офанзивен играч за врска и пристигнува со богато интернационално искуство. Тој настапуваше во француската Лига 1 и Лига 2 за клубовите Мец, Троа и Генгам, и е познат по својата техничка подготвеност и физичка моќ.

Со неговиот ангажман, Вардар значајно ја зајакнува средната линија, а трансферот испраќа јасна порака дека „црвено-црните“ имаат големи амбиции – враќање на врвот и борба за титула.

Со ова засилување, Вардар го комплетира ростерот на странски фудбалери за новата сезона. Во тимот ќе има десет странци, од кои двајца се регистрирани преку проектот „Отворен Балкан“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово е на врвот, Овче Поле „дише во врат“ – како ќе биде до баражот за Втора лига?

По 13 одиграни кола во Трета лига – Исток, екипата на Побда од Валандово останува и натаму непоразен лидер, „калинкарите“ имаат 29 бодови...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!