Турнирот „Петровден 2025“ влезе во финишот од групната фаза, а вечерва беше уште една потврда за високото ниво на игра, одличната организација и страста што ја носи јубилејното 50-то издание на најпрестижниот летен фудбалски собир во земјава.
- Резултати од среда (25 јуни):
Брумел триумфираше со сигурни 0:2 против Доел Ноче. Аце Најдески без потешкотии го совлада Зурли и Тапани Вевчани со 0:3. Во последниот меч, Гостилница Кај Мече демонстрираше тотална доминација против Македонија, победувајќи убедливо со 1:8
Публиката повторно беше бројна и гласна, а трибините преполни – вистинска спортска слика што со години го краси овој турнир.

- Распоред за четврток (26 јуни):
20:00 | БЗ Груп Струга – Мексико
21:00 | Компани Стојкоски – Фурна Настоски и Форт Кафе
22:00 | Гранит Х – Ночелино
23:00 | Типлери – Др. Баткоски

Очекувајте уште една вечер со четири квалитетни натпревари, многу голови и фудбалска магија под рефлекторите. Турнирот од вечер во вечер влегува во се поголема неизвесност кон фазата на елиминации, а секој меч сега во групната фаза е одлучувачки!

Спортска Мрежа останува со вас – директно од Мешеишта со најновите резултати, фото галерии и атмосфера од теренот!