Втора лигаФудбал

Христов на само еден гол од најдобриот стрелец Грозданоски во Втора лига!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По шест одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, фудбалерот на Кожуф, Дарко Грозданоски е најдобар стрелец и понатаму со седум погодоци, но неговата предност се стопи на само еден гол, откако Симеон Христов од Македонија ЃП дојде до само гол негатива односно Христов има шест погодоци.

На третото место на листата на стрелци е Димче Јовов од Беласица, а потоа следува Аљбин Рамадани од Арсими со четири погодоци.

По три погодоци имаат Илија Баламов од Вардарски, Хусеин Демири од Башкими, Христијан Кировски од Скопје, Тони Мичковски и Андреј Симевски од Каменица Саса и Никола Талески од Победа.

По шест кола само еден автогол, истиот си го постигна Павле Петров од Борец.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!