Турнири

Галатасарај и Озан Ајаз последните патници во четвртфиналето на „Црнилиште Куп 2025“

Сподели
Сподели

Вечерва ги добивме и последните два патници во четвртфиналето на „Црнилиште Куп 2025“, тоа се екипите на Галатасарај и Озан Ајаз кои на убедлив начин стигнаа до „виза“ за следна фаза.

Екипата на Галатасарај одигра одличен меч со одлична и допадлива игра во која уживаше публиката, а во меч на кој паднаа пет погодоци за убедлив триумф од 4:1 над Виена Комерц.

Во вториот меч беа постигнати 11 погодоци, а екипата на Озан Ајаз со 4:7 беше подобра против Каришиќ Бау за чекирање во четвртфиналето.

Веќе се познати и двојки за четвртфиналето, а која фаза стартува веќе утре.

Со почеток од 20 часот утре во првиот меч Галатасарај ќе се соочи со Озан Ајас, во вториот меч од 20:45 часот Фасада Чајник оди на мегдан со Роденденски Пињати.

Во третиот меч кој ќе започне во 21:25 часот екипата на Даути Градба ќе игра против Фенербахче, а пак во 22 часот Zgjimi Kompani ќе ги одмери силите со Пилана Жарко.

Победниците од утрешните мечеви ќе обезбедат пласман во полуфиналето. Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој голем фудбалски спектакл.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!