По две возбудливи и богати рунди, Меморијалниот турнир во мал фудбал во Лабуништа влегува во завршна фаза од групната фаза – третото коло, кое ќе понуди директни пресметки за пласман во елиминациите. Турнирот се игра во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, а организацијата е предводена од Шабан Кормакоски.
Третото коло се игра од сабота до понеделник (21 – 23 јуни), а распоредот нуди дерби-средби и потенцијални „финалиња“ во групите.
- Сабота, 21.06.2025
19:40 Идеал Рент а Кар – Рики СРЛ
20:30 Кафе Бар Лавадо – ХТМ Про Вин
21:20 Нетто Маркети – Деко Лукс и Ресторан Лабуништа
22:10 Мечо Транс – Самир Муртезоски
Првиот ден носи директен дуел меѓу Мечо Транс и Самир Муртезоски, кои се во самиот врв на својата група. Особено се очекува и пресметката на Нетто Маркети против Деко Лукс, две од најофанзивните екипи досега.
- Недела, 22.06.2025
19:40 – Бербер Шоп Мухаммед – Минтас Булдинг
20:30 – Велешта Јунајтед – Сео Пласт
21:20 – Бау Путз Мемишоски – Анима
22:10 – Велиоски Градба – Балкан Профил
Во вториот ден, сите очи ќе бидат вперени во Бербер Шоп Мухаммед, кој досега постигна 21 гол во два натпревари. Балкан Профил ќе се обиде да го потврди лидерското место против Велиоски Градба, додека останатите мечеви ќе решат кои тимови ќе останат во игра.
- Понеделник, 23.06.2025
19:40 – Бинај – Фура Кемо
20:30 – Султан Турс – ИВЗ Струга
21:20 – Виена Комерц – Демо Пласт
22:10 – Златара Бени Ерол – Електро Промет (службен резултат 3:0)
Последниот натпреварувачки ден од групната фаза носи многу неизвесност – посебно во Група Ц, каде Бинај и Фура Кемо ќе играат натпревар одлучувачки за нивниот пласман. Екипата на Златара Бени Ерол веќе ги доби службените бодови по суспензијата на Електро Промет.
Турнирот се игра по класични футсал правила, а крајната цел за секоја екипа се трофејот и наградниот фонд:
🥇 Прво место – 2.000 евра
🥈 Второ место – 700 евра
🥉 Трето место – 300 евра
Спортска Мрежа е медиумски покровител на оваа значајна спортска манифестација и продолжува секојдневно да известува од теренот. Очекувајте резултати, табели и ексклузивни содржини – македонскиот спорт на едно место!