Останато

Ѓорческа поразена од осмата носителка на фјучрсот во Загреб

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрсот во Загреб штo се игра за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше осмата носителка Селена Јаничијевиќ од Франција која со 2-0 во сетови (63 63) за 81 минута славеше победа над Ѓорческа.

Очигледно долгиот меч од претходно и доцниот крај може да бидат една од причините за поразот на македонската тенисерка.

На стартот од мечот Ѓорческа направи брејк за водство од 1:0, но противничката потоа имаше серија од четири гема за водство од 4:1 и набрзо потоа сетот го заврши со 6:3 во гемови.

Во вториот сет повторно брејк на стартот, но тоа беше водство за Јаничијевиќ, сепак Лина врати со ри-брејк, а потоа водеше со 2:1 и 3:2 во гемови,потоа следеше нова серија од четири гема со два брејка за француската тенисерка која и вториот сет го доби со 6:3 во гемвои и избори пласман во четвртфиналето.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!