ИнтернационалциФудбал

Бобан Николов си заминува од Борац Бања Лука

Сподели
Сподели

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов повеќе не е фудбалер на Борац Бања Лука. Клубот од Босна и Херцеговина преку своите официјални канали потврди дека соработката со Николов е завршена.

Искусниот играч за врска имаше договор до крајот на сезоната и по неговото истекување не постигна нов договор со клубот, па ќе ја продолжи кариерата во нова средина.

Во изминатата сезона, Николов одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и забележа три асистенции. Со својата стабилност и искуство беше важен дел од тимот на Борац.

Во текот на кариерата, 29-годишниот фудбалер настапуваше за неколку клубови ширум Европа, меѓу кои Лече (Италија), Шериф (Молдавија), Кишварда (Унгарија), Вардар (Македонија), и други. Сега е слободен играч и во потрага по нов предизвик.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе „отпишаните“ Големо Коњари, Слога Виница и Победа, во листата влегува и...

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!