Турнири

Спектакл во Струмица: Познати групи на Меморијалниот турнир „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

Овогодинешното издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ во Струмица ветува вистински спектакл.

На турнирот ќе настапат четири групи со по пет екипи, што гарантира неизвесни натпревари, многу погодоци и голема борба за шампионскиот пехар. Победникот ќе освои фантастични 500.000 денари.

  • Група А: Гостилница кај Џек, Еклектик, Фурна Марфи, Имплус Радио и ФК Дрвош.
  • Група Б: Freith One, Фенербахче, Тобако Лени Плус, Евротип и Серта Конче.
  • Група В: Компанија Атанасовски, MaxBet, Еклер Транс, Кеби Моби и Дивино.
  • Група Г: Агро Смарт, Хотел Истатов, Струмица, 3 Кетеринг и Црна Река.

Наградниот фонд е распределен на следниот начин:

  • 1. место – 500.000 денари

  • 2. место – 250.000 денари

  • 3. место – 100.000 денари

  • 4. место – 50.000 денари

Покрај паричните награди, ќе бидат доделени пехари, медали и спортски реквизити. Посебен дел ќе биде посветен и на младинските категории – јуниорските екипи ќе се натпреваруваат во генерациите 2011/2012, 2013/2014 и помлади.

Турнирот започнува во понеделник, 16 јуни, и ќе се игра на спортскиот терен во Чифлик маало во Струмица.

Спортска Мрежа и оваа година ќе биде медиумски покровител на овој престижен спортски настан, на кој ќе настапат некои од најдобрите екипи од цела Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“...

Турнири

Џокер Фурна загуби од Клик Гевгелија на „Стојаково 2025“, Јанг Бојс кај јуниорите со висока победа!

Синоќа беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“,...

Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска...

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!