Ракомет

Се подготвува голема прослава во Битола, предложена е парична награда за шампионот Еурофарм Пелистер!

Сподели
Сподели

Битола е во еуфорија по новиот голем успех на Еурофарм Пелистер откако ја освои својата третата титула по ред во Суперлигата, триумфирајќи над големиот ривал Вардар на гостински терен.

Со гордост и радост, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, им упати јавна честитка на шампионите:

“Честитки за нашата гордост Еурофарм Пелистер! Само еден тим! Само еден град! Само Пелистер! Само Битола! Битола и битолчани сме горди што ги имаме овие шампиони кои ги топлат нашите срца!”

Воедно, Коњановски ги повика сите битолчани и верните Чкембари, кои во огромен број го бодреа тимот во Скопје, заеднички да ја прослават титулата.

“Ги повикувам сите битолчани утре во 20 часот на платото на Офицерскиот дом да ги поздравиме шампионите и да прославиме уште една титула!”

Како дополнителен гест на признание, градоначалникот најави дека на следната седница на Советот на Општина Битола ќе предложи награден фонд од 3 милиони денари за ракометниот клуб Еурофарм Пелистер за постигнатиот успех.

Битола уште еднаш покажа дека живее за ракометот — титулата се враќа дома, а славјето допрва следува!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ сигурен кон баражот за Втора лига, поранешен второлигаш оди кон испаѓање во Општинска лига!

По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар...

Поврзани написи
Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно...

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на...

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!