Синоќа беа одигра два од три натпревари на меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал “Ресен 2025”.
Екипата на АСП Пак беше сигурна и убедлива со 4:2 против тимот на Нана Фруит Соларбилд, а пак во вториот меч публиката уживаше во вистинска голеада.
Тимот на Кафе Бар 9 со убедливи 8:0 го декласираше составот на ФК Ресен.

Третиот натпревар меѓу Асан Кичево и Могила е одложен.
Денешниот ден е слободен на турнирот во Ресен, а фудбалските возбудувања продолжуваат утре.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.
