Трета лигаФудбал

Мифтар најдобар стрелец во Трета лига – Север, тројца фудбалери имаат по три погодоци!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По две одиграни кола во Трета лига – Север, фудбалерот на Фортуна, Орхан Мифтар има постигнато четири погодоци.

На листата на најдобри стрелци по два натпревари со по три погодоци се Кристијан Ивановски од Кадино, Ангел Настевски од Еуромилк ГЛ и Мерван Фетаи од екипата на Беса Влазрими.

По два погодоци имаат Гезим Бакиевски од БВК Коњаре, Матеј Јаневски и Андреј Јаневски од Еуромилк ГЛ, Мартин Лазев од Ржаничино, Леутрим Таири од Риниа, Дарко Тодоровски од Куманово и Марко Тренески од Њу Старс.

Во листата на стрелци има и двајца фудбалери кои си постигнале автоголови, тоа се Адем Аџами од БВК Коњаре и Антонио Македон Попоски од екипата на Аеродром.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!