Прва женска фудбалска лигаФудбал

Димитровска и понатаму најдобар стрелец со 10 гола, Гоја и Мустафа се приближуваат до врвот!

Сподели
Сподели

По пет одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, фудбалерката на Каменица Саса, Ана Димитровска и понатаму е најдобар стрелец со десет постигнати погодоци.

Сега Тчеури Харуми Гоја од Тиверија Брера е втора на листата на стрелци, 30-годишната Бразилка има постигнато осум погодоци и се доближува до врвот, а прогрес на листата на стрелци прави и Хава Мустафа, голгетерката на шампионот Љуботен постигна седум погодоци.

Билјана Панеска од Тиверија Брера има шест погодоци, а пак Сара Евтинџиоска од Скопје 2014 има четири погодоци. Ане Бошеска и Кешлин Џејн Копли од Тиверија Брера имаат по три погодоци, а по три гола постигна и Радица Влекова и Бразилката Туане Де Соуза Фрагосо со по три гола, а три гола има и Елена Симјанова од Љуботен.

По пет кола во фудбалскат елита во женската елита нема паднато автогол.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!