Втора лигаФудбал

Величков ќе им суди на Новаци и Македонија ЃП, Ќерими главен во Куманово, Смоквоски во Кочани

Сподели
Сподели

В среда ќе се одиграат натпреварите од 4. коло на Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судии кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на сите осум натпревари.

Сашко Ристов ќе им суди на Вардар Неготино и Охрид, Бењамин Ќерими ќе им суди на Башкими и Беласица во Куманово, Христијан Божиновски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Победа и Арсими, а пак Боби Величков ќе им суди на Новаци и Македонија ЃП.

Ангелчо Ристов ќе ја дели правдата во Македонска Каменица меѓу Саса и Борец, Благојче Ралевски ќе им суди на Вардарски и Брегалница во Богданци, Кирил Смоквоски ќе суди во Кочани каде ќе се соочат Осогово и Детонит Плачковица, а пак Фуркан Идиризи ќе им суди на Скопје и Кожуф.

Натпреварите ќе стартуваат во 15 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 4. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Вардар Неготино – Охрид, Сашко Ристов (Струмица)
Башкими – Беласица, Бењамин Ќерими (Скопје)
Победа – Арсими, Христијан Божиновски (Скопје)
Новаци – Македонија ЃП, Боби Величков (Велес)
Каменица Саса – Борец, Ангелчо Ристов (Неготино)
Вардарски – Брегалница, Благојче Ралевски (Битола)
Осогово – Детонит Плачковица, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Скопје – Кожуф, Фуркан Идризи (Тетово)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!