Трета лигаФудбал

Исмаили: Задоволен сум од судењето во Трета лига – Запад, интересот за нови судии е мал!

Сподели
ФОТО: Музафер Исмаили, контролор и Комесарот за делегирање на судии во Трета лига – Запад
Сподели

Комесарот за делегирање на  судии во Трета лига – Запад, Музафер Исмаили за Спортска Мрежа зборуваше за сезоната која измина со фокус на судењето односно делењето на правдата.

Како што вели Исмаили за Спортска Мрежа тој е задоволен од судењето во овој третолигашки регион.

„Јас сум задоволен од судиите кои ја делеа правдата изминатата сезона во Трета лига – Запад. Ја користам оваа прилика да му честитам на ФК Тетекс за влезот во Втората лига и да им посакам успеси во иднина“, вели Исмаили за Спортска Мрежа.

ОФС Тетово имаше распишано конкурс „Биди и ти фудбалски судија“ со цел привлекување на нови и млади судии, но како што вели Исмаили интересот бил мал.

„Имавме распишано конкурс за нови и млади судии, но интересот беше многу мал“, ни изјави Исмаили.

Во Трета лига – Запад шампион беше екипата на Тетекс која во баражот го совлада Големо Коњари преку пенали и направи експресен кам-бек во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Дробилицата“ Македонија ЃП го сомле Радовиш – втор тежок пораз по ред за радовишани, Вардар Неготино со нов триумф, славје и за Драчево Јуниор

Македонија Ѓорче Петров со убедливи 37:24 го совлада Радовиш и испрати јасна порака дека има квалитет за борба со екипите кои имаат амбиции...

ФудбалФутсал

Црна Река со убедлива победа над Шутка 1, четири гола за Стојан Петковски

Поранешниот прволигаш Црна Река забележа убедлива победа во рамките на 6. коло на Втората футсал лига, совладувајќи го дебитантот Шутка 1 со убедливи...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со убедлива победа над Шутка 1, четири гола за Стојан Петковски

Поранешниот прволигаш Црна Река забележа убедлива победа во рамките на 6. коло...

Прва лигаФудбал

Судиска анализа на ФФМ: Кардинална грешка на ВАР судиите, Вардар директно оштетен

Судискиот одбор на Фудбалската федерација на Македонија изврши стручна и детална анализа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!