Прволигашот Тиквеш од Кавадарци продолжува со градењето на тимот за новата сезона, откако беше потврдено дека е продолжена соработката со Мартин Стојанов.
26-годишниот фудбалер и во следната сезона 2025/2026 ќе го носи дресот на прволигашот од Кавадарци.
Тиквеш претходно ја продолжи соработката со Даниел Миловановиќ, Кристијан Стојкоски и Александар Мишов.