Ракомет

Салата „Билјанини Извори“ ќе „крца“: „Чкембари“ и „Комити“ најавуваат спектакл во Охрид!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва во 17:30 часот ќе се одигра големото финале од ракометниот Куп на Македонија меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер со што ќе има нов освојувач на Купот, откако вчера Алкалоид беше елиминиран од Вардар преку пенали.

Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе „крца“, ќе биде исполнета до последното седиште, а атмосферата во салата ќе биде неверојатна бидејќи ќе бидат присутни и двете навивачки групи „Чкембари“ и „Комити“.

Секако во салата ќе бидат и сите љубители на ракометот од Охрид и оние кои ќе допатуваат во градот покрај езерото.

Како што веќе објави Спортска Мрежа големото дерби на „вечните“ ќе го судат интернационалните судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дрита непоразена есенски првак, Доброшти остана на минус три бода за лидерот, Лирија со убедлива победа

Дрита со победа од 4:1 над Кораби го заврши последното есенско коло на првото место во Третата лига – Регион 6. Доброшти славеше...

Трета лигаФудбал

Илинден со максимални 33 бода есенски шампион, БВК Коњаре и Аеродром во тесна трка зад лидерот

Илинден ја заврши есенската полусезона во Третата лига – Регион 1 со 11 победи од исто толку натпревари. Лидерот во последното коло ја...

Поврзани написи
Ракомет

Паунков: Победата над Струга ќе ни биде ветер во грб, нашата цел е сигурен опстанок

Синоќешната победа на Младост над Струга е силен ветер во грб за...

Ракомет

Лукиќ: Конечно ја пробивме таа психолошка бариера, победата ќе биде ветер во грб и за останатите натпревари

Младост конечно ја израдува верната публика откако во салата „Млаз“ ја доби...

Ракомет

Андоновски: Конечно успеавме да стигнеме до таа толку посакувана победа, како што бевме и ќе останеме сложни

Младост стигна до својата прва сезонска победа, откако на домашен терен славеше...

Ракомет

Зечевиќ: Покажавме карактер и стигнавме до плус 11 пред реваншот!

ГРК Охрид ја отвори вратата кон следната фаза од ЕХФ Европскиот Куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!