Кошарка

ТФТ го совлада МЗТ и ја продолжи финалната серија!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Кошаркарите на ТФТ Скопје обезбедија четврти натпревар во финалната серија од плејофот на македонскиот шампионат, откако вчера на домашен терен го совладаа актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром со 63-58. Со овој триумф, ТФТ ја намали предноста на МЗТ на 2-1 во серијата што се игра до три победи.

По двата пораза на гостински терен во воведните дуели, ТФТ силно тргна во третиот меч и на полувреме обезбеди убедлива предност од 42-23. Сепак, шампионот не се предаде – МЗТ одигра одлична трета четвртина со резултат 29-10 и ја врати неизвесноста во натпреварот.

Финишот понуди голема драма, но кошаркарите на ТФТ беа посконцентрирани во клучните моменти и успеаа да ја задржат предноста, спречувајќи ја шампионската прослава на МЗТ барем за неколку дена.
Најефикасни во тимот на ТФТ беа Браун со 20 поени и Ташовски со 17, додека кај МЗТ се истакна Едвин со 19 поени.

Четвртиот натпревар од финалната серија се игра во Понеделник, повторно во Скопје, со ТФТ како домаќин и со нова шанса да израмни на 2-2.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе „отпишаните“ Големо Коњари, Слога Виница и Победа, во листата влегува и...

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

Поврзани написи
Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

Кошарка

Чаир го совлада Работнички во драматична завршница, продолжи кризата на „црвено-белите“

Кошаркарите на Чаир 2030 остварија значајна победа над Работнички со 75:73 во...

КошаркаКошаркарска репрезентација

Прв тренинг на кошаркарките за мартовскиот ФИБА „прозорец“

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во Скопје...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!