Екипата на Чаир триумфираше над Металург Автокоманда со резултат 22:20 и со тоа закажа финале против Ѓорче Петров, кое се игра утре во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш со почеток од 16 часот.
Натпреварот тргна доста неизвесно екипата на Металург Автокоманда тргна одлично имаше неколку гола предност, но Чаир веднаш врати со одлична серија и го израмни натпреварот со што започна играта гол за гол се до 8:9 кога екипата на Чаир имаше гол негатива и побара тајм-аут.
По тајм-аутот екипата на Металург Автокоманда направи два гола предност од 8:10, а до крајот на првиот дел резултатот беше 10:11 за екипата на Металург Автокоманда, откако Коцева погоди за предност од еден гол на полувреме.

На почетокот од второто полувреме Металург Автокоманда се обидуваше да се одлепи резултатски, но Чаир беше подобар и дојде и до пресврт и водство во Радовиш со 15:14. Продолжи играта гол за гол со тоа што Чаир имаше постојано гол предност, а Металург Автокоманда постигнуваше голови за израмнување.
Со мини серија од два гола екипата на Чаир одлепи на плус два при 19:17, а потоа следуваше уште еден гол за водство од 20:17 и воедно тие три гола беа најголема предност за тимот на Чаир, а при следниот напад дојдоа и нависоките плус четири за 21:17, по што Металург Автокоманда побара тајм-аут.

Во продолжението од мечот Чаир ја одржуваше предноста која дојде до нови плус четири при 22:18 на шест минути пред крајот на мечот.
Тимот на Чаир со резултат од 22:20 славеше над Металург Автокоманда и така се чекираше во големото финале против Ѓорче Петров, откако „лавиците“ покажаа моќ и триумфираа убедливо против Вардар.
Во таборот на Чаир најдобра беше Теодора Дукоска со осум гола, а голманката Катарина Митровиќ беше на вистината на задачата и ја спушташе ролетната во клучни моменти што беше пресудно и за овој триумф на Чаир вреден финале. За Металург Автокоманда најдобра беше Марија Јанкуловска со пет гола.