РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ВИДЕО) Александар Трајковски: Максимално во функција на тимот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А репрезентација вчера го имаше првиот собир во пресрет на јунските квалификациски натпревари за СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).

Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот.

„Сега е крајот на сезоната, завршуваме во клубовите, но овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. Можеби е тешко затоа што е крај на сезона, но по овие два меча може да се одмориме. Се надевам на најдоброто. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот, да извлечеме поука од тој меч со Велс“, рече Трајковски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје со пораз ја започна сезоната во АБА2-лигата

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, со пораз ја започна новата сезона во АБА2-лигата. „Сино-белите“ на гостувањето во Никшиќ загубија од домашната...

Ракомет

Нов пораз за штипјани: Овче Поле го совлада Текстилец УГД во „Тошо Арсов“

Текстилец УГД по одличното отварање на сезоната со четири победи во низа, сега се соочува со резултатска криза откако тимот од Штип претрпе...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!