ФудбалЧетврта лига

Полуфинале од ОФЛ Битола: Победа Ивањевци против Могила, Лисолај оди против Крошу Спорт

Сподели
Сподели

Во недела ќе се одиграат натпреварите од полуфиналето на Општинската фудбалска А-лига на Битола, што претставува четврто ниво на натпреварување.

Екипата на Победа Ивањевци ќе се соочи со Могила во натпревар закажан за 17:00 часот, додека Лисолај ќе игра против Крошу Спорт во меч кој ќе започне два часа порано – во 15:00 часот.

Двата натпревари ќе се одиграат на одлично подготвениот терен во Црно Буки, каде ќе се води битка за пласман во големото финале и шанса за титула во ОФЛ Битола, која носи и промоција во Третата лига – Југозапад.

Победа Ивањевци имаше одлична сезона и го заврши првенството на првото место во А1 лигата на ОФЛ Битола со биланс од 13 победи, 5 ремија и 3 порази, освојувајќи вкупно 44 бодови. Второпласиран беше Крошу Спорт со ист број победи (13), но со 3 ремија и 5 порази – 42 бодови.


Во дербито на последното, 21. коло, Победа Ивањевци славеше над Крошу Спорт со 5:2. Димитар Даскаловски постигна два гола, а по еден додадоа Даниел Паревски, Саше Ночевски и Никола Трајчевски. За Крошу Спорт погоди Александар Крстевски, додека Ардиџан Јакуповски си постигна автогол.

Тренерот Драганчо Велевски, кој ја предводи Победа од Ивањевци, изрази задоволство од досегашните игри и нагласи дека фокусот е целосно насочен кон полуфиналето, со една цел – пласман во Третата лига – Југозапад.

И во А2-лигата борбата беше неизвесна до последното коло. Лисолај заврши на првото место со 18 победи, 2 ремија и само 1 пораз – вкупно 56 бодови. Могила заврши веднаш зад нив со 18 победи, 1 реми и 2 порази, и 55 бодови.

Во последното коло, двете екипи одиграа директен дуел за врвот, кој заврши без победник – 2:2. Антонио Спировски беше двоен стрелец за Могила, додека за Лисолај погоди Кристијан Симиќ. Во 90-тата минута, Дарко Мантевски си постигна автогол, што донесе поделба на бодовите.

Победниците од двете полуфинални средби ќе се сретнат во големото финале, а шампионот ќе обезбеди место во Трета лига – Југозапад за сезоната 2025/2026.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Каква драма во Крива Паланка – Ивановски во последна секунда го „расплака“ Мал Ајакс за голем триумф на Осогово!

Дербито од дното на табелата во Првата футсал лига донесе неверојатна, луда завршница со среќен крај за Осогово – Кристијан Ивановски ги „расплака“...

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!