Кошарка

Маџари и Ангели во борба за титулата во Втората кошаркарска лига, Соколи и МЗТ Уни Банка за третото место

Сподели
ФОТО: КК Соколи 1933
Сподели

Денеска спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ во Скопје ќе биде центарот на вниманието за љубителите на македонската кошарка. Ќе се одиграат двата завршни натпревари од сезоната во Втората кошаркарска лига на Македонија – мечот за третото место и големото финале.

Од 17:30 часот ќе започне натпреварот за третото место помеѓу Соколи и МЗТ Скопје Уни Банка. Соколи беа елиминирани во полуфиналето по драматична серија со Ангели (2-1), додека МЗТ Уни Банка немаше одговор за тимот на Маџари и загуби со 2-0.

Големото финале е закажано за 20:00 часот, каде што силите ќе ги одмерат двете екипи кои обезбедија пласман во Првата кошаркарска лига – Маџари и Ангели. За Маџари ова ќе биде историски момент, бидејќи првпат ќе заиграат во елитното натпреварување, додека Ангели се враќаат во најсилната конкуренција по неколкугодишна пауза.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

Кошарка

Фаворитите сигурни во Првата кошаркарска лига, битката за врвот останува неизвесна

Ниту петтото коло од завршницата во Првата македонска кошаркарска лига не донесе...

Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!