На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени одлуки за кадровски промени во стручните штабови на младинските женски репрезентации.
Кирил Изов, поранешен селектор на сениорската женска репрезентација, е назначен за нов предводник на селекцијата до 19 години. Со своето искуство и досегашна работа во женскиот фудбал, Изов ќе има задача да ја подготви У19 репрезентацијата за претстојните натпревари и квалификации.
Во селекцијата до 15 години, нов селектор е Астрит Мерко, кој во минатото ја водеше репрезентацијата до 19 години. Тој доаѓа на местото на Јовица Блажевски, со цел да продолжи со развојот на најмладите категории во женскиот фудбал.
Со овие назначувања, ФФМ испраќа јасна порака за посветеноста кон унапредување на женскиот фудбал и поддршка на младинските категории како основа за иднината на репрезентативниот успех.