ФудбалФутсал

Балкан до нов триумф, Каршиака и Партизан Југ убедливи, Дурмишов постигна 17 гола!

Сподели
ФОТО: КМФ Мал Ајакс | АРХИВА
Сподели

Се ближи крајот на сезоната во Втората футсал лига, а битката за Прва лига ја продолжуваат Мал Ајакс, Балкан и Овче Поле.

Екипата на Балкан со 7:6 го доби тимот на СЕЕ Университи на домашен терен, во меч каде за домашниот тим двоен стрелец беше Игор Барџовски, хет-трик постигна Имер Ќамил, а по еден гол постигнаа Енис Реџеп и Пајтим Реџепи.

За гостинот од Тетово три гола постигна Зеќирија Османи, по еден гол Берат Саиди и Флорим Асани, додепа пак Матеј Папазов си постигна автогол.

Каршиака со 3:12 на убедлив начин го доби тимот на Карадаку, кој минатата сезона испадна од Прва лига. За домашниот тим Шукрија посигна два гола, а еден гол постигна Иљзи. За гостинот Садики постигна шест гола, Ќани погоди трипати, Мемеди двапати, а Ибраими беше стрелец на еден гол.

Трите бодови останаа во Брвеница откако тимот на Партизан Југ со 18:7 го декласираше Конзули од Битола.

Марко Спироски постигна седум гола, искусниот Даниел Радески постигна пет погодоци, Синиша Симјаноски погоди трипати, а по еднаш Марко Стојковски, Михаил Спасовски и Тео Симњановски. За гостинската екипа Горан Јакопетревски погоди двапати, како и Лука Ѓорески, а по еден гол постигнаа Петар Илиоски, Игор Скепаровски и Кристиан Симиќ.


Трите бодови остана откако Кораб со 11:8 го доби тимот на ССК Скопје. Елезоски постигна четири гола за победничкиот тим, Беќири, Блажевски и Мерсовски погодија по два гола, а еден гол даде Маќелара. За гостинот Здравески беше стрелец на три гола, двојни стрелци беа Ѓировски и Сулејмани, а пак Димковски постигна еден гол.

Мал Ајакс игра футсал како ракомет и со 22:5 ја декласираше прилепска Победа, а интересно е тоа што од тие 22 гола Иса Дурмишов постигна 17 гола и со тоа е најдобар стрелец во Втората футсал лига. Фантастична бројка на постигнати погодоци, бидејќи ретко кога и ракометар постигнува толку погодоци.

Двоен стрелец за штипјани беше Давид Тошев, а по еден гол постигнаа Андреј Трајанов и Седат Мамудов. За гостинот од Прилеп стрелци беа Спироски и Здравески со по два гола, а Трајкоски погоди еднаш.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!