Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Каралиоска ја расплака Тиверија Брера, Саса со четири гола за Атлетино – мечот не го дочека својот крај!

Сподели
ФОТО: Речица - Ас Јунајтед
Сподели

Јована Каралиоска е херојот на Скопје, откако 16-годишната фудбалерка постигна победнички гол во 74. минута за триумф од минимални 1:0 над Тиверија Брера, во рамки на 24. коло на Првата женска фудбалска лига.

Ваквиот „кикс“ на струмичанки ќе значи речиси сигурна одбрана на титулата на Љуботен, кој пак денес со 1:2 славеше над Истатов на гостински терен.

Хава Мустафа го отвори резултатот во Пржино во 39. минута, а по две минути погоди и Екатерина Фролова за 0:2. Во 43. минута од мечот Меланија Грозданова постигна гол и ги постави конечните 1:2.

Ас Јунајтед го доби дербито со Речица и го обезбедува директниот опстанок во ПЖФЛ, откако со 1:3 беше подобар противник на теренот. Тоа значи дека Речица ќе игра бараж меч со второлигашот Вардар за опстанок во лигата.

Веса Села по само три минути игра го отвори резултатот за водство на гостинот од Струга. Домашниот тим успеа да израмни на 1:1 преку Милена Антевска во 22. минута од мечот, а во судиското надполнување Валентина Далческа погоди за 1:2 на полувреме.


Во вториот дел капитенката на Речица, Јасмина Јовановска заработи црвен картон и го остави својот тим со играч помалку на теренот, а ваквиот момент го искористи Ас Јунајтед, кој во 90. минута преку Сара Дика ги постави конечните 1:3.

Натпреварот во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и битолски Атлетико не го дочека својот крај, откако истиот беше прекинат во 50. минута.


Како што е наведено во официјалниот записник од натпреварот, гостинот од Битола доцнел 25 минути, во записникот иако имал доволен број на играчи, сепак натпреварот Атлетико го започнува со десет фудбалерки, а во 50. минута мечот бил прекинат бидјеќи гостинската екипа немала доволен број на играчи поради повредени во текот на натпреварот.

ФОТО: Натпреварот од Македонска Каменица

„Натпреварот доцнеше 25 минути поради гостинската екипа бидејќи пристигна покасно на натпреварот во 11:50 часот. Во записник имаа доволен број на играчи, но натпреварот го започнаа со 10 играчи. Во 50 минута натпреварот беше прекинат бидејќи гостинската екипа немаше доволен број на играчи поради повреди во текот на натпреварот. Иако во записникот кај гостинскатта екипа имаше наведено физиотерапефт, комесар за безбедност и доктор не беа присутни на натпреварот“, се вели во записникот од мечот.

ФОТО: Записникот од натпреварот, доволен број на играчи има тимот од Битола, но Атлетико мечот го започнал со десет фудбалерки
  • МОМЕНТОТ КОГА НАТПРЕВАРОТ БЕШЕ ПРЕКИНАТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА:

Во рамки на ова коло слободна беше екипата на Топ Гол од Битола.

Во однос на табелата на врвот е Љуботен со 58 бодови, втора е Тиверија Брера со 53 бодови, Каменица Саса е трета со 50 бодови.

Екипата на Скопје останува на четвртото место со 43 бодови, Истатов е петти со 21 бод, а пак Топ Гол е шести со 18 бодови. Атлетико е седми со 16 бодови, а пак Ас Јунајтед е осми со 15 бодови. Екипата на Речица е претпоследна со шест бодови, на дното е формално Шкендија која воопшто и не ја започна сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!