Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Големо Коњари е шампион во Трета лига – Југ, голема прослава за шампионската титула и убедлива победа!

Сподели
Сподели

Екипата на Големо Коњари со убедливи 10:1 го декласираше тимот на Влазними Јуниор во рамки на претпоследното 25. коло на Трета лига – Југ со што тимот стана и официјално шампион.

Следуваше голема прослава со публиката, навивачите и поддржувачите на клубот, со што сега Големо Коњари се насочува кон баражот за влез во Втора лига.

Денес Големо Коњари го одигра последниот меч на домашен терен, со надеж дека следниот ќе го одигра како второлигаш.

Во меч на тотална доминација шампионот Големо Коњари со убедливи 10:1 го декласираше Влазними Јуниор. Беким Алимоски постигна четири погодоци, хет-трик за Ерџан Ибраимоски, а по еден гол постигнаа Јованче Сугарески, Христијан Кукески и Филип Кукески. За гостинската екипа единствен стрелец беше Мевлан Усеиноски кој погоди во 38. минута.

Погледнете каква беше атмосферата на теренот во Големо Коњари по завршување на мечот и прославата за шампионската титула. На 18 мај во Големо Коњари ќе има голема прослава за титулата, клубот веќе организира и маички со шампионскиот натпис за сите навивачи, за што веќе информираше Спортска Мрежа.

Во Крушево немаше победник реми на Питу Гули и Дреново играјќи 2:2. Домаќинот имаше водство од 1:0 на полувреме со голот на Оливер Велевски, а во вториот дел гостинот преку Армен Мемедов и Роналдо Фазлиов дојде до пресврт и водство од 1:2. Во 81. минута од натпреварот Соте Волчески ги постави конечните 2:2.

Немаше победник ниту во Долни Дисан каде исто така беа постигнати четири гола за 2:2 меѓу Венец и Башкими 2008. Горан Цветков во 4. минута погоди за 1:0, а по една минута Аљбин Јашари постигна гол за 1:1. Потоа мрежите мируваа се до самиот финишот кога Вергим Јајов постигна гол за нова предност на гостинот од 1:2, а во 90. минута Дарио Шишков погоди и обезбеди бод за неговиот тим.


Екипата на Превалец го забележа првиот пролетен пораз откако во Кривогаштани загуби со 2:1 од тимот на Младост. Гостинот одигра натпревар со многу цврста игра, но поразот и не вистински приказ на играта во поле.

Домашниот тим преку Димитар Китаноски го отвори мечот, а пак Александар Чешелковски погоди во 42. минута за 2:0 на полувреме. Во вториот дел веднаш гол постигна Превалец преку Сашко Кочов и така се обидуваше да дојде и до бодови, но сепак на крај го доживеа првиот пролетен пораз.


Поранешниот второлигаш Росоман на домашен терен дојде до убедлива победа од 6:2 над Бучин. Во првиот дел резултатот беше 3:1, откако Слободен Дуков постигна гол за 1:0 во 8. минута од мечот. Даниел Шопески во 19. минута израмни на 1:1, а потоа брзо Росоман дојде до 3:1 преку Желимир Трикиќ и Тоше Кочовски.

Во вториот дел од мечот Шопески со втор гол намали на 3:2, а до крајот два гола за домашниот тим постигна Кире Димков и еден гол Бојан Миланов за конечни 6:2.

Слободни екипи во рамки на претпоследното 25. коло беа Ултрас и Слога од Лажани.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!