Трета лигаФудбал

Евротип ги собра бодовите во Дебар, Караорман ја доби Велешта, Сатеска пресилна за Славеј од Мешеишта!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Шампионот Преспа со минимални 1:0 го доби тимот на Кравари во рамки на 20. коло на Трета лига – Исток, а единствен стрелец на победничкиот гол во Ресен беше Нико Пластиновски кој погоди во 84. минута од средбата.

Ова беше и единствениот меч на кој имаше само еден гол, на сите останати натпревари беа постигнати голем број на погодоци. Екипата на Сатеска од Волино како домаќин играше во Слатино каде со 6:1 убедливо го декласираше тимот на Славеј од Мешеишта.

Лука Богданоски постигна хет-трик за домашниот состав, а по еден гол постигнаа Даниел Цветаноски, Никола Секулоски и Даниел Митрески, додека пак за гостинската екипа од Мешеишта единствен стрелец беше Стефан Бушиноски кој погоди во 56. минута.

Евротип триумфираше во Дебар каде со 1:3 го совлада Евротип, во меч каде сите четири голови беа постигнати во вториот дел. Владе Јанакиевски погоди за 0:1 во 57. минута, а во 75. миунта Андриан Муладаути постигна гол за 1:1.

По само три минути Христијан Петрески беше прецизен за нова предност на Евротип, а пак Петар Цфетко во 80. минута ги постави конечните 1:3.

Демир Хисар со „петарда“ беше убедлив против тимот на Влазними од Струга, откако на домашен терен беше пресилен со 5:1. Голгетерот Стефан Каревски го отвори резултатот во 25. минута, а пак Јовче Спасески во 31. минута погоди за 1:1.

Во самиот финиш на првиот дел од средбата Трајче Андрески постигна гол и со тоа обезбеди нова предност од 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Каревски со втор гол зголеми на 3:1, а конечниот резултатот го поставија Јовче Талевски и Андреј Стефановски.


Во воведниот меч кој се одигра вчера екипата на Караорман која лани испадна од Втората лига на домашен терен во Струга со 3:2 славеше над Велешта преку пресврт.

Гостинот преку Анит Хани погоди во 15. минута за 0:1, а во 30. минута резултатот беше 1:1 со голот на Симеон Миноски. Во вториот дел Миноски со втор гол обезбеди пресврт и водство од 2:1, а потоа Ненад Попоски беше прецизен за 3:1 во 72. минута.

По три минути игра Елмаз Шеи постигна гол и ги постави конечните 3:2 во Струга.

Во рамки на ова коло слободна беше екипата на Света Троица од Охрид.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен,...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го...

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!