Ракомет

Вардар преку Маргели до победа во Радовиш

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Повеќекратниот македонски и двократен европски шампион Вардар сосема очекувано славеше во СРЦ “25 Мај” во рамки на 3. коло на Суперлигата над повратникот Радовиш со резултат од 16:29.

Вардар дојде како голем фаворит, а играше со половина сила, но со претплазливост после играта на Радовиш со Алкалоид во претходното коло кога во Автокоманда имаше предност на полувреме

Мечот тргна со добрите интервенции на голманот Костадиновски ја спушташе кога најмногу требаше, а при водство на Радовиш од 2:1. Во 11. минута од мечот Гоце Георгиевски заработи повреда и беше изнесен од теренот на клупата за резерви во раце, што сигнализираше за сериозноста на повредата.

Резултатот беше тесен и се играше гол за гол кога Ашраф од пенал погоди за плус два на Вардар односно 5:7 во 14. минута.

Веднаш во следниот напад Радовиш доби напад, а Постолов беше сигурен за 6:7.

Костадиновски го држеше Радовиш со одличните интервенции, но во тие моменти фалеше реализација кај домашниот тим кој можеше да дојде до плус два, наместо минис еден.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Во првиот дел од мечот се повреди Гоце Георгиевски, кој на раце беше изнесен на клупата за резерви, а потоа на раце на полувреме до соблекувална, по што вториот дел го проследи седнат на столче покрај еден од дуелите кој води кон соблекувалните.

Во 20. минута Радовиш повика тајм-аут при 6:9 за противникот.

Во 27. минута од мечот Вардар дојде до плус четири за 9:13. На полувреме резултатот беше 11:15, плус четири за Вардар.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Во вториот дел Вардар тргна со гол и по пет минути игра резултатот беше 12:18 со гол на Крсманчиќ, а во следниот напад Постолов реализираше за 13:18.

Вардар во вториот дел беше подобар и дојде и до плус седум при 14:21 со што вардарци започнаа да градат сериозна предност кон целта за освојување на целиот “плен” во СРЦ “25 Мај”.

Во продолжение од мечот Вардар ја зголемуваше предноста и во 22. минута имаше 16:25.

Во последните десеттина минута шанса кај Радовиш добија и помладите играчи и играчи со помала минутажа, а конечниот исход беше 16:29.

Ашраф Маргели кај Вардар беше најдобар со 14 погодоци, а кај Радовиш најдобар беше Здравко Постолов со седум реализации.

Радовишани имаа тежок распоред на стартор од сезоната, но тоа за нив е предност бидејќи ги поминаа тешките мечеви, добија на време за дополнително воигрување пред мечевите на кои тие ќе треба да одат по трите бодови на секој од нив.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!