ФудбалФутсал

Ќе има ли нов најдобар стрелец во Втората футсал лига?

Сподели
Сподели

Борбата за титулата најдобар стрелец во Втората футсал лига на Македонија влегува во завршна фаза. Четири кола пред крајот, трката е максимално возбудлива и неизвесна!

На врвот и понатаму е Ибрахим Алији од екипата на Балкан со неверојатни 53 постигнати голови. Но, зад него демне Иса Дурмишов од штипски Мал Ајакс, кој има 50 гола и сериозно му се заканува на лидерот.

Овие двајца футсалери ќе водат директна битка за круната во последните натпревари, каде секој погодок може да биде пресуден.

Во борбата за Топ 5 се вклучени и Октај Беќири од Кораб и Ѓорѓи Султанов од Овче Поле со по 32 гола, како и Дарко Блажески од Кораб (Дебар) со 27 погодоци.

Очекувајте неизвесен финиш и многу голови – футсал трката за најдобар стрелец продолжува со полна сила!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!