Останато

Штип УГД останува во трка за титулата – убедлива победа над Струмица!

Сподели
ФОТО: Одбојкарски клуб Штип УГД
Сподели

Одбојкарите на Штип УГД ја вратија неизвесноста во финалната серија од Првата машка лига, откако вечерва на домашен терен славеа со убедливи 3:0 (25:21, 25:23, 25:15) против актуелниот шампион Струмица. Со овој триумф, штипјани го намалија водството на струмичани на 2:1 во победи и го продолжија својот сон за шампионската титула.

Избраниците на Кристијан Ристески одиграа максимално мотивирано и фокусирано, покажувајќи зрелост и тимска игра кога беше најпотребно. Клучна улога одиграа со моќен сервис – само во третиот сет имаа дури осум ас-сервиси – што го наруши ритамот на гостите. Најефикасен беше Задмард со 18 поени, а веднаш зад него беа Арсов (12) и Багаев (10), додека Стојанов одлично го водеше тимот со седум свои поени и сигурна игра на распределба.

На спротивната страна, шампионот беше далеку од своето најдобро издание. Владо Милев се обиде да ја одржи екипата во игра со девет поени, но без поголема поддршка од соиграчите. Илиев додаде седум поени, но тоа не беше доволно за да се избегне убедливиот пораз.

Четвртиот меч, кој може да ја одлучи судбината на титулата, се игра в понеделник од 19 часот во салата „Парк“ во Струмица.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Арсими – Пелистер

Со натпреварот меѓу Арсими и Пелистер се затвара есенската полусезона, мечот од 16. коло на Првата лига се игра на Градскиот стадион во...

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Поврзани написи
Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот...

Останато

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски подготвени за новата сезона и предизвиците во Планица

Младите скијачи Стефан Ѓорѓевиќ и Виктор Чакаровски веќе се во Планица, Словенија,...

Останато

Ставре Јада со нови силни настапи на меѓународната ски сцена

Македонскиот репрезентативец Ставре Јада изминатиот викенд забележа одлични резултати на две меѓународни...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!