Фудбалскиот клуб Џокер од селото Фурка кај Дојран продолжува да ги освојува турнирите низ Европа и да биде препознатлив симбол за правилна работа со младите фудбалери.
ФК Џокер учествуваше на Меѓународниот турнир „Aridaia Easter Cup“ во Грција, каде дечињата на кои настапија на еднодневниот турнир се претставија во одлично светло и забележаа максимален учинок од 5 победи од вкупно пет натпревари и го освоија првото место.
Од клубот истакнаа дека се горди на своите млади фудбалери кои одиграле одлични натпревари во Грција, а на крајот се закитија и со златни медали.
Дополнително на првото место на ФК Џокер во Грција добива на тежина бидејќи генерацијата 2014 со која ФК Џокер учествуваше на турнирот се натпреваруваше во категорија У-12, односно младите фудбалски таленти на клубот од дојранското село Фурка се натпреваруваше со една година поголеми противници.

И во такви околности младите таленти на ФК Џокер го освоија златниот медал.
Претходно, ФК Џокер учествуваше на „Ravenna European CUP“ во Италија, каде македонскиот тим го освои шестото место, откако загуби во четвртфиналето од големиот италијански гигант Аталанта со минимални 1:0, откако на пет минути пред крајот на четвртфиналето, автогол го одлучи патникот во полуфиналето.
„Одличен перформанс од страна на нашите деца каде што имаа предобра игра, прилики за погодоци каде што резултатот би бил на страната на нашите дечиња и исто така посед на топка против големата Аталанта, шанси за погодоци, каде што од првиот корнер кој го имаше противникот нашите деца си постигнаа автогол. Дечињата останаа со кренати глави и покрај поразот кој сами си го нанесоа, кој можеби е разочарувачки, но е гордост за родителите, тренерите, управа, каде што на еден ваков турнир кој е еден од најдобрите во Европа, а тие потекнуваат од една мала држава и еден мал регион. Покрај едно вакво прекрасно претставување на сопствената држава со самиот влез во 1/4 финале е единствена екипа од нашата држава со влез во елиминации на овој турнир. Сакаме да се заблагодариме на родителите за поддршката без кои овој успех и искуство на овие деца немаше да биде возможно, каде што изразуваме благодарност и за сите помагатели кои помогнаа за да овој сон прерасне во реалност“, велат од ФК Џокер.
ФК Џокер во набиена агенда учествуваа и на силниот Меѓународен турнир „Златибор Куп“ со генерациите У-9 и У-10. Младите фудбалери на ФК Џокер беа дел и од церемонијата и дефилето на отварањето на турнирот, а некое учествуваа 4000 дечиња.

ФК Џокер важи за фудбалска академија која редовно учествува на големи европски турнири, каде се натпреварува со големи фудбалски гиганти, што е уште една потврда дека се работи правилно со млади фудбалски таленти.
„Генерациите У-9 и У-10 со последниот пораз и нерешен натпревар во групната фаза ги завршија настапите на пресилниот турнир „Златибор Куп“, каде што последните натпревари беа со екипите на AЦС Лацио каде што одигравме 1:1 со категорија У-9, додека категорија У-10 го загуби натпреварот со 0:2 против екипата на Војводина. За почит е помошта од неколку играчи категорија У-9 кои помогнаа и играа со своите повозрасни соиграчи и допринесоа со својот труд во една повозрасна категорија на еден ваков елитен турнир. Покрај завршените настапи на турнирот по излегување од фудбалските терени нашите дечиња беа поздравени со аплауз од страна на сите родители кои ги следеа нашите натпревари за храброста на еден ваков турнир да се натпреваруваме со помала категорија во повозрасна категорија! За нашите најмали дечиња ова е втор турнир кој е на многу врвно ниво и со тоа видовме дека тренинзите и работата со дечињата треба да се зголеми за да можеме да се натпреваруваме на еден ваков турнир со овие најмали категории. На организаторот му се заблагодаруваме за поканата да бидеме дел по вторпат од овој прекрасен турнир и се надеваме догодина на повторно дружење и натпреварување. На победите да се радуваме, од поразите ќе учиме“, велат од ФК Џокер.
ФК Џокер има одличен производ на млади фудбалери пред кои претстои светла фудбалска иднина.