Останато

Тениски фестивал 2025 во Охрид – „Запознај го тенисот низ игра и дружба“

Сподели
Сподели

Во сабота, на 3 мај, на Плоштадот во Охрид ќе се одржи тенискиот фестивал „Запознај го тенисот низ игра и дружба“, со цел да го промовира и приближи тенисот до сите заинтересирани дечиња од Охрид и околината.

Тениската забава ќе започне во 11 часот, а ќе се одржува на самиот Плоштад, кој за таа цел ќе биде претворен во вистинска мала тениска авантура.

Дечињата што ќе учествуваат на овој спортски настан ќе имаат можност да ги направат своите први чекори во тенисот, да научат повеќе за овој спорт и да се забавуваат на мини терени кои ќе бидат специјално поставени на плоштадот.

Овој тениски фестивал веќе успешно се одржа во неколку други градови, а сега доаѓа ред и на Охрид – нашиот најголем туристички центар.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Кукуловски: „Со дисциплина во напад и одбрана – до нова победа!“

По европскиот предизвик против Целје, ракометарите на ГРК Охрид се насочуваат кон нов натпревар во плеј-офот, овојпат против тимот на Бутел. Густиот распоред...

Трета лигаФудбал

ФК Венец за мечот со Превалец: „Ова не е победа, туку горчлив доказ дека вредностите се нарушени“

Само 12 минути се играше натпреварот во Долни Дисан меѓу Венец и Превалец, кој при резултат од 2:0 беше прекинат откако гостинската екипа...

Поврзани написи
Останато

Дарио Ивановски со нов триумф – најбрз на полумаратонот во Дубровник

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски продолжува со одличните настапи на меѓународна сцена,...

Останато

Кристијан Јанев го освои Ј30 турнирот во Скадар

Младиот македонски тенисер и репрезентативец Кристијан Јанев блесна на турнирот Ј30 во...

Останато

Радовиш подготвен за Првомајските спортски натпревари: Богата програма за сите генерации

Општина Радовиш во соработка со Сојузот на училишен спорт на Радовиш и...

Останато

Македонските таеквон-до натпреварувачи со борбени настапи на Европското првенство во Крит

Македонската репрезентација во традиционално таеквон-до имаше низа настапи во третиот и четвртиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!