Останато

Струмица жени го задржаа прволигашкиот статус со убедливи победи против Вардар жени

Сподели
Сподели

Одбојкарките на Струмица жени продолжуваат да се натпреваруваат во Првата женска лига и следната сезона. Струмичанки го одбранија својот прволигашки статус со две убедливи победи против Вардар жени во баражот за опстанок.

Во првиот меч, одигран на гостински терен, Струмица жени славеа со максимални 3:0, што беше првиот важен чекор кон обезбедување на место во најсилното друштво. Денеска, на домашен терен, струмичанките повторно беа убедливи и со нова победа го потврдија својот статус во Првата лига.

Вардар жени, кои имаа одлична сезона во Втората лига, завршија во топ-4 и си создадоа шанси за промоција во најсилната лига, но немаа сили да ја преминат последната пречка и да обезбедат пласман во Првата лига.

Последниот учесник во Првата женска лига ќе биде познат по вториот бараж, во кој ќе се сретнат Ускана и Бами Кор. Кичевскиот тим има предност од 1:0 во победи.


Сподели
Поврзани написи
Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе...

Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!