Втора лигаФудбал

Реми без голови на Брегалница и Македонија ЃП, без голови во Радовиш, пораз за Башкими, нов пораз за Борец!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Дербито на 26. коло во Втората лига во Штип заврши без победник и без погодоци (0:0) меѓу Брегалница и Македонија ЃП.

Шанси и можности за погодок имаа и двете страни, но истите не ги реализираа, па на крајот мораа да се задоволат со поделба на бодовите, иако овој резултат повеќе му одговара на тимот од Ѓорче, кој и натаму останува на врвот од табелата. Од друга страна, Брегалница е таа што ќе носи притисок во последните четири кола ако сака директен влез во Првата лига.

Реми без погодоци (0:0) и во Радовиш, каде се соочија Детонит Плачковица и Арсими. Ваквиот резултат му одговара на Арсими, кој имаше тешко гостување, особено затоа што ремизираа Македонија ЃП и Брегалница, а Башкими загуби во Кочани.

Владимир Жоглев е во одлична форма и во 69. минута постигна гол за победа на Осогово од 1:0 над Башкими на домашен терен.

Реми без погодоци (0:0) се одигра и во Македонска Каменица, каде бодовите ги поделија Каменица Саса и Новаци, додека пак на минимален триумф се радуваше Победа, која со 0:1 славеше над „фенерџијата“ Вардарски во Богданци. Стрелец на победничкиот гол за прилепчани беше Филип Димоски во 90. минута.


Кирил Неделков е херојот на Вардар Неготино, откако со гол во 91. минута обезбеди победа за својот тим од минимални 1:0 над Борец, со што велешани веќе ги пакуваат куферите за експресно враќање во Третата лига.

Охрид ги собра трите бодови во Автокоманда, откако со 1:2 го победи Скопје. Оливер Дишлиевски во 30. минута постигна гол за 0:1 на полувреме. Во вториот дел, Скопје веднаш израмни на 1:1 преку Леон Селими во 47. минута, но во 70. минута Наумче Бакрачевски ги постави конечните 1:2.


Реми со по еден гол (1:1) и поделба на бодовите е исходот во Гевгелија меѓу Кожуф и Беласица.

Домашниот тим, преку искусниот голгетер Сашо Дуков, дојде до водство од 1:0 на полувреме откако погоди во 33. минута, но пред крајот на првиот дел Александар Богданоски ги постави конечните 1:1. Во 87. минута, Огнен Здравковски заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 26 17 6 3 43 8 +35 57
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 26 17 5 4 45 18 +27 56
3 ФК АРЕСИМИ-1973 26 17 4 5 45 21 +24 55
4 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 26 15 7 4 35 20 +15 52
5 ФК БЕЛАСИЦА АД 26 10 9 7 33 26 +7 39
6 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 26 11 6 9 32 32 0 39
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 26 8 13 5 31 22 +9 37
8 ФК СКОПЈЕ АД 26 8 10 8 28 25 +3 34
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 26 7 12 7 24 22 +2 33
10 ФК КАМЕНИЦА САСА 26 9 6 11 37 38 -1 33
11 ФК ПОБЕДА АД 26 8 6 12 25 30 -5 30
12 ГФК ВАРДАР Неготино 26 9 3 14 29 43 -14 30
13 ЗФК НОВАЦИ 2005 26 7 8 11 23 29 -6 29
14 ГФК ОСОГОВО 26 5 7 14 23 43 -20 22
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 26 3 4 19 15 45 -30 13
16 ФК ВАРДАРСКИ 26 3 2 21 20 66 -46 11


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!