КошаркаКошаркарска репрезентација

Гевгелискиот бизнисмен Томица Главчев ќе биде новиот претседател на КФМ – изборот ќе биде следната недела!

Сподели
Сподели

Гевгелискиот бизнисмен Томица Главчев ќе биде новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Неговиот избор се очекува да биде официјално потврден на вонредното собрание на КФМ, закажано за 30 април 2025 година, кога исто така се очекува да се изгласа повлекувањето на актуелниот претседател, Перо Антиќ.

Иако името на Младен Ѓуроски се споменуваше како потенцијален кандидат за оваа позиција, според најновите информации, Главчев ќе биде тој кој ќе ја преземе водечката позиција во федерацијата. Тој долг период инвестираше во македонската кошарка и се смета за еден од главните поддржувачи на развојот на спортот во земјата.

Главчев е познат не само по својот успешен бизнис во текстилната индустрија, како сопственик на компанијата НОЕЛ, туку и по својата долгогодишна поддршка на кошарката. Тој беше претседател и инвеститор на КК Кожув, но во 2015 година се повлече од финансирањето на клубот.

Не долго потоа, Главчев започна нова кошаркарска приказна – формирајќи го клубот Блокотехна, кој во краток период успеа да се издигне на високо ниво. За потребите на клубот, Главчев неодамна изгради современа спортска сала, која ќе биде важна база за тренинг и развој на младите кошаркарски таленти. Блокотехна, клуб кој во 2019 година ја освои титулата во Балканската лига (БИБЛ), успеа да го постигне овој успех најмногу благодарение на визијата и финансиската поддршка на Томица Главчев и неговата компанија. Со инвестициите и ангажманот на Главчев, клубот ја достигна својата најголема победа на регионалната сцена, што е голем успех за македонската кошарка. Поранешниот човек на КК Кожув и КК Блокотехна, Томица Главчев, ќе ја преземе функцијата претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) со јасна цел – да го стабилизира финансискиот буџет на федерацијата. Според неофицијални информации, буџетската дупка во Куќата на кошарката е значителна, а Главчев ќе се потпре на своето знаење и широката мрежа на контакти во бизнис заедницата за да ја реши оваа ситуација.

Еден од најголемите проблеми со кои ќе се соочи Главчев е неодамнешниот штрајк на кошаркарските судии. Судиите изразија незадоволство поради неисплатените такси од почетокот на годината, иако за тоа беше обезбеден спонзор. Овој инцидент е само еден од доказите за сериозните финансиски проблеми со кои се соочува КФМ и потврда дека новиот претседател ќе има тешка задача да ја врати стабилноста во федерацијата.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и високи победи на гостински терен. Крива Паланка, Баскет Кам и Вардар...

Поврзани написи
Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!