Трета лигаФудбал

Шампионот Слога Виница со 13 гола го „здроби“ Ударник, Брегалница Делчево го слави Димитровски, без голови во Берово!

Сподели
ФОТО: Слога Виница - Ударник
Сподели

Новиот шампион во Трета лига – Исток, Слога Виница со убедливи 13:0 го декласираше во секој сегмент на фудбалската игра Ударник од Пирава, а во рамки на денешното 15. коло.

ФОТО: Слога Виница – Ударник

Разликата во квалитет е огромна и повеќе од јасна беше високата победа, но треба да се потенцира дека гостинот од Пирава допатува со само двајца фудбалерки на клупата за резерви, па и тоа дополнително влијаеше на високиот пораз.

Искусниот Филип Петковски го водеше шампионот од Виница со четири гола, по два гола постигнаа Тони Мирчевски, Игор Ѓорѓев и Октај Амедов, додека пак по еен гол постигаа Филип Николовски, Александар Илиев и Иван Настески – популарниот Меси.

ФОТО: Слога Виница – Ударник

Натпреварот во Берово меѓу Малеш и Овче Поле заврши без победник, но и без погодоци (0:0) за поделба на бодовите.

Трите бодови останаа во Делчево, Брегалница го слави Филип Димитровски, кој беше стрелец на единствениот победнички гол постигна во 82. минута за минимална победа од 1:0 над Дојранско Езеро.


Тиверија во судиското надополнување дојде до бод против Карбинци откако на домашен терен ремизираше играјќи 2:2. Гостинот имаше предност од два гола откако истите ги постигна Никола Илиевски, во 5. минута за водство од 0:1 на полувреме и во 53. минута за 0:2.

Во 74. минута Ване Новков постигна гол за 1:2, а во 91. минута Борче Коцев покажа на белата точка за домашниот тим и одново Новков беше сигурен од белата точка за конечните 2:2.

Главниот судија Борче Коцев подели два жолти картони кај Тиверија еден на Андон Шилинов во 42. минута и на Илија Панов од раководството на домашниот тим. Додека пак кај гостинскиот тим беа доделени пет жолти картони, а на кондициониот тренер Ладе Николов му беше доделен директен црвен картон во 93. минута поради дискриминаторско однесување, така е наведена причината за доделување на црвениот картон.

Натпреварот во Зрновци меѓу Светлост и некогашниот прволигаш Хоризонт Турново не го дочека својот крај откако истиот беше прекина во 76. минута при резултат од 2:2. Ристе Лазаров во 12. минута постигна гол за 1:0, а десет минути подоцна Васко Коцев погоди за 1:1.

Во самиот финиш на првиот дел односно во 44. минута Стефан Стефановски постигна гол за 2:1 на полувреме.


Во вториот дел гостинот од Турново дојде до израмнување, откако во 56. минута искусниот Сашко Пандев постигна гол за 2:2.

Натпреварот бил прекинат во 76. минута. Како што е наведено во делот за примедби од делегатот причината за прекин е физички напад од страна на гостински играч врз вториот помошен судија.

„Натпреварот одигран по правила и пропозиции на ФФМ. Во 76 мин. натпреварот беше прекинат поради физички напад на вториот помошен судија од играчот со бр.19 од ФК Хоризонт Турново АД. Следува дополнителен извештај од сите службени лица во определениот временски рок“, е заведено во записникот од мечот.

Овој случај е потврден и од страна на полицијата.

„На 18.04.2025 во 20.10 часот во ОВР Кочани И.Ф.(46) од Штип пријавил дека во с.Зрновци, кочанско, на фудбалски натпревар на кој бил судија, најпрвин вербално, а потоа и физички бил нападнат од С.П. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“

 


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика за битката за опстанок – Работнички и Шкупи влегуваат во паузата...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во Виница славеше со 0:2 над Слога во последниот меч за есенската...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!