ФудбалФутсал

Финалето од футсал Купот на Македонија ќе се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Уште еден голем спортски настан во Радовиш, СРЦ „25 Мај“ ќе биде домаќин на финалето од футсал Купот на Македонија, а причината е повеќе од јасна, одличните услови кои ги нуди овој спортски храм.

Спортска Мрежа прва го најавува големото финале од футсал Купот на Македонија, кое ќе се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, а ние како спортски медиум дадовме предлог токму овој спортски храм да биде местото каде да се одигра финалето од футсал Купот на Македонија, пред се поради добрите услови кои ги нуди салата и добрите домаќини, за што се потврди и со завршницата од одбојкарскиот Куп на Македонија.

Салата беше реконструирана со тоа што доби нов под како и нови трибини, а подобрувањето на условите во салата продолжуваат и во иднина условите ќе бидат на уште повисоко ниво.

Финалето од футсал Купот на Македонија ќе се игра на 27 април (недела) до 19 часот, а радовишани како и на завршницата од одбојкарскиот Куп на Македонија ќе бидат добри домаќини, за што веќе во тек се организациските активности.


Во големото финале од футсал Купот на Македонија ќе се соочат бранителот на Куп титулата, екипата на Форца која атакува на нова двојна круна, како и Осогово од Крива Паланка кој игра историско финале и оди кон прва Куп титула во својата клупска историја.

Во следните денови ќе направиме комплетна анализа на двете екипи како стигнаа до финалето, играчи, успеси.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со кој се затвара есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Двете...

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Ајдини: Пелистер знае да биде опасен, нашата цел е да ја завршиме полусезоната со победа!

Арсими денес на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, натпревар со...

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!