Останато

Пријави се на Гевгелиски Велотлон – возење велосипед, трчање и совладување на пречки!

Сподели
Сподели

Подготви се за авантура! Гевгелискиот Велотлон е уникатен комбиниран натпревар што ги спојува возењето велосипед по off-road патеки, совладување на препреки и трчање по ридски терен. Вкупната должина на патеката изнесува 5600метри, од кои 4640 метри off road  патека за  возење велосипед (во две фази), 880 метри трчање (во две фази) и 6 препреки на делница од 80 метри.

Право на учество имаат сите полнолетни државјани на Република Македонија, млади од 14 до 18 години со писмена согласност од родител. Масксималниот број на натпреварувачи е 100.

Ќе се одвива во четири старосни категории во машка и женска конкуренција:

14-18 години

18-35 години

35-55 години

55 + години

Вкупниот награден фонд изнесува 51.000 денари.

Котизацијата за учество е 600 денари и вклучува пакет од стартен број, маичка со лого Гевгелиски Велотлон 2025, ладен сендвич, кроасан, освежителен напиток и финишер медал (дрвен).

Пријавувањето започна од 1 април и трае се до 15 мај. За повеќе информации посетете го линкот на организаторите.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели
Поврзани написи
Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе...

Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!