Трета лигаФудбал

Пчиња слави над Башкими Љуботен – два гола на Благојевски, победи за Аеродром и Њу Старс!

Сподели
Сподели

Со три натпревари вчера беше отворено 19. коло на Трета лига – Север, каде Пчиња однесе висока и сигурна победа од 3:0 над Башкими Љуботен и со тоа се одлепи од долниот дел на табелата.

Марио Благојевски беше стрелец на два гола, а вториот гол на мечот беше дело на Христијан Стојчевски, инаку сите три погодоци беа постигнати во првиот дел од мечот.

Њу Старс дојде до важна победа од 2:1 над Беса Слупчане и со тоа тимот на Њу Старс ја продолжува трката за опстанок во Трета лига – Север.

Марко Киш во 35. минута и Никола Силјановски во 44. минута погодија за домашниот тим за 2:0 на полувреме. Во второто полувреме поточно во 90. минута Ридван Исмаиљи беше стрелец на гол за конечни 2:1.

Аеродром забележа победа над екипата на Фортуна со резултат од 3:1 на домашен терен и тоа победа преку пресврт. Агрон Буши во 11. минута постигна гол за 0:1, а само една минута подоцна Дамјан Антевски беше стрелец за 1:1 со нов еврогол.

Пред крајот на првиот дел од натпреварот кој се играше во Ново Лисиче, Леонид Филиповски постигна гол за 2:1 и пресврт во првите 45 минути. Во вториот дел гостинот сакаше гол за израмнување, но во 90. минута Андреј Алексоски ги постави конечните 3:1 со што трите бодови останаа дома. Вториот и третиот гол за Аеродром беа по асистенција на Дамјан Антевски.

Денес ќе се комплетира колото со останатите натпревари. Куманово дома игра со Кадино, Шкендија Арачиново против Еуромилк ГЛ, БВК Коњаре против Риниа, а пак Академија Илиден го пречекува Ржаничино.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!