Втора лигаФудбал

Брегалница „загиба“ на „Цвај арената“ – Вардар Неготино го слави Шишков, Арсими е во страшна форма, Башкими со „петарда“!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Брегалница е се подалеку од директен влез во Првата лига, откако денес загуби на „Цвај арената“ со минимални 1:0 од Вардар Неготино, а во рамки на 24. коло на Втората лига.

„Сините“ одиграа лош натпревар, особено во првиот дел кога се виде дека „Цвај арената“ ќе се покаже како тежок терен за Брегалница да дојде до три бодови. Во вториот дел Вардар Неготино влезе многу мотивиран и поддршката од публиката во моменти му даде крила на тимот на Горан Тодорче кој преку Ѓорѓи Шишков во 71. минута постигна гол за 1:0.

Ваквиот резултат беше шок за Брегалница, се виде незадоволството кај стручниот штаб, имаше обиди за Брегалница, откако претходно Вардар Неготино имаше два зицери, а потоа „сините“ имаа одлична можност но голмнанот на Вардар Неготино имаше одлична интервенција.

Победата во Неготино се прослави, но Брегалница се врати два чекори назад, па штипјани и следна сезона ќе гледаат одново Втора лига како тргнало.

Осогово и Беласица ги поделија бодовите откако одиграа 0:0, а „нула“ одиграа Новаци и Победа, но „нула“ имаше и во Гевгелија каде Кожуф и лидерот Македонија ЃП ремизираа и ги поделија бодовите.


Детонит Плачковица конечно дојде до победа од 2:0 на домашен терен против Борец со погодоците на Давид Дебрешлиоски во 5. минута и Дамјан Масевски во 68. минута.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

„Петарда“ пукна во Македонска Каменица откако Башкими со 0:5 ја декласираше Саса во меч на тотална доминација на тимот од Куманово. Филип Алексовски беше двоен стрелец за гостинот, а по еден гол постигнаа најдобриот стрелец на Башкими, Хусеин Демири, Емир Асани и Борјан Пановски.

Изненадување се случи во Богданци откако „фенерџијата“ Вардарски со 3:0 го „тресна“ Охрид. Илија Баламов во 17. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во второто полувреме Марко Софијановски зголеми на 2:0, а конечите 3:0 ги постави Ѓеорге Карамитров.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 24 16 5 3 42 8 +34 53
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 24 16 5 3 43 17 +26 53
3 ФК АРЕСИМИ-1973 24 16 3 5 44 21 +23 51
4 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 24 14 6 4 34 20 +14 48
5 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 24 8 12 4 31 21 +10 36
6 ФК БЕЛАСИЦА АД 24 9 8 7 31 25 +6 35
7 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 24 10 5 9 28 29 -1 35
8 ФК СКОПЈЕ АД 24 8 10 6 27 22 +5 34
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 24 7 11 6 23 20 +3 32
10 ФК КАМЕНИЦА САСА 24 9 5 10 37 37 0 32
11 ГФК ВАРДАР Неготино 24 8 3 13 28 41 -13 27
12 ЗФК НОВАЦИ 2005 24 6 7 11 21 29 -8 25
13 ФК ПОБЕДА АД 24 6 6 12 23 30 -7 24
14 ГФК ОСОГОВО 24 4 6 14 20 41 -21 18
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 24 3 4 17 15 43 -28 13
16 ФК ВАРДАРСКИ 24 3 2 19 20 63 -43 11


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!