Останато

Македонските тенисерки поразени од Египет во Били Џин Кинг купот

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Женската тениска репрезентација на Македонија доживеа пораз од селекцијата на Египет во натпреварот од Били Џин Кинг купот, откако нашите претставнички загубија во двата сингл-меча.

Магдалена Стоилковска беше поразена од Хана Хосам Салах со 2-1 во сетови (6-0, 3-6, 0-6), иако успеа да израмни по водството на Египќанката.

Во вториот сингл-меч, Лина Ѓорческа започна одлично и го освои првиот сет против Ламис Абдел Азис со 6-3. Сепак, при резултат 4-1 во вториот сет во корист на Египќанката, Ѓорческа мораше да го предаде мечот поради повреда.

Македонија сѐ уште има можност да освои еден поен во дуелите со Египет, и тоа во мечот во двојки, каде што настапуваат Јана Божиновска и Ана Митевска.

По натпреварот со Египет, македонскиот тим ќе се соочи со второпласираната селекција од групата Б, по што ќе биде познат и конечниот пласман во втората Евро-африканска зона.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!