Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каменица Саса го доби Скопје во заостанатиот меч на ПЖФЛ

Сподели
Сподели

Фудбалерките на Каменица Саса стигна до победа над Скопје од 0:2, откако тимот од Македонска Каменица триумфираше во заостанатиот меч од 16. коло на Првата женска фудбалска лига.

Мирни и чисти мрежи во првиот дел од натпреварот, каде Вјолца Изеири ја делеше правдата на овој меч. Шанси и можности и за двете екипи. 14-годишната Глорија Тодорова го имаше своето деби во Првата женска фудбалска лига, откако шефот на стручниот штаб Илија Мандаров се одлучи да и даде шанса.

Во вториот дел од мечот одново можност и за едни и за другите, а резултатот беше отворен во 73. минута преку гол на Гамарт Михаела за 0:1. Во 82. минута Изеири покажа на белата точка, а капитенот Ана Димитровска беше прецизна од белата точка за конечни 0:2.

Во поглед на табелата Љуботен е пр со 43 бодови, Тиверија Брера е втора со 41 бод, на третото место е Каменица Саса која има 37 бодови, а пак Скопје останува на четвртото место со 30 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!