Екипата на Маџари Солидарност го декласираше Петровец со резултат од 5:1 на домашен терен во заостанатиот натпревар на 13. коло од Општинската фудбалска лига Гази Баба.
Домашниот тим воопшто не виде мака и победата ја најави уште во првиот дел кога имаше предност од 3:1.
Ерхан Абаз по само две минути игра погоди за 1:0, а веќе во петтата минута од мечот домаќинот дојде до 2:0 преку гол на Филип Апостолоски. Одговор следуваше и од гостинот откако Емре Исмаил погоди за 15. минута за 2:1.
Во 37. минута од натпреварот Абаз преку втор гол обезбеди 3:1 по првите 45 минути за домашниот тим.
Во второто полувреме домашниот тим дојде до нови два погодоци за потврда на победата од 5:1. Андреј Андреевски во 64. минута стрелаше за 4:1, а веќе во 75. минута Златен Крстевски ја „пукна петардата“ за 5:1.

Лидер на табелата е Бујковски со 34 бодови, втор е тимот на Долно Коњари со 39 бодови, а пак Маџари Солидарност е трет со 28 бодови.