Ракомет

Ѓорѓески: Нѐ очекува тежок натпревар против Вардар, но се надеваме на одличен натпревар и позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во рамки на 3. коло од плеј-оф фазата од ракометната Суперлига, во петок, амбициозните охриѓани му гостуваат на Вардар во Скопје.

Искусниот голман од таборот на Охрид, Даниел Ѓорѓески, за Спортска Мрежа изјави дека натпреварот нема да биде лесен, меѓутоа истакна и дека тие максимално се подготвуваат, и се надеваат дека ќе одиграат еден одличен натпревар, каде ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат.

„Во петок нѐ очекува тежок натпревар со Вардар на гостински терен, ние максимално се подготвуваме за овој натпревар, знаеме дека нема да биде лесно, со оглед на тоа дека имаме неколку повредени играчи, но ќе дадеме сѐ од себе да изиграме еден одличен натпревар и да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат“, рече Ѓорѓески во изјава Спортска Мрежа.

Натпреварот се игра во петок, во салата „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој Тримо Требње и Војводина стигнаа до значајни победи. Словенечкиот состав Тримо...

Поврзани написи
Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!