ФудбалФутсал

Осогово со историско финале од футсал Купот на Македонија, тимот од Крива Паланка го слави двојниот стрелец Давид Ристовски!

Сподели
Сподели

Осогово со резултат од 2:3 забележа победа во полуфиналето над Јувентус Серава и обезбеди историско финале од футсал Купот на Македонија, каде тимот од Крива Паланка ќе оди на соочување со актуелниот бранител Форца.

Омер Османи во 9. минута постигна гол за 1:0 и водство на Јувентус Серава на полувреме. Во вториот дел гостинот од Крива Паланка направи пресврт откако Давид Ристовски погоди за 1:1, а потоа искусниот Мартин Тодоровски постигна гол за 1:2 и пресврт на резултатот.

Натпреварот понуди супер неизвесна завршница откако Фуркан Шабани во 38. минута постигна гол за 2:2, но веднаш Ристовски со втор гол ги постави конечните 2:3 за огромна радост кај тимот од Крива Паланка.


Во големото финале Осогово ќе го предизвикува актуелниот бранител на Куп титулата Форца, која сака двојна круна како и минатата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!