Трета лигаФудбал

Големо Коњари со седумка за Росоман, Превалец со „петарда“, трите бодови заминаа во Кривогаштани!

Сподели
Сподели

Денеа беше одиграно вонредното 19. коло на Трета лига – Југ каде лидерот Големо Коњари со лото победа го декласираше некогашниот второлигаш Росоман со превисоки 7:1. Ова всушност беше и највисоката победа во рамки на оваа рунда, па така Големо Коњари прави уште еден чекор напред кон потврда на првото место, а со тоа и баражот за Втора лига.

Победата беше најавена уште во првиот дел и тоа преку пресврт. Гостинот преку Стефан Јованов по само пет минути игри дојде до 0:1, но тоа потоа му се случи катастрофа.

Хет-трик постигна Мустафа Селманоски со два гола од пенал, двоен стрелец беше Беким Алимоски, а по еден гол постигнаа Ерџан Ибраимоски и Илчо Митрески.

Превалец однесе висока победа од 1:4 во Долни Дисан совладувајќи го домаќинот Венец. Само еден гол имаше во првиот дел Кристијан Маневски погоди во 43. минута за 0:1 по првите 45 минути.

Во вториот дел продолжи да се тресе мрежата откако Ангел Гаштев во 53. минута погоди за 0:2, а пак во две минути Димче Ставревски и Павле Петров обезбедија 0:4.

Во судиското надополување екипата на Венец преку Петар Ристовски дојде до конечните 1:4 или само ублажување на високиот пораз.

Трите бодови заминуваат во Кривогаштани откако Младост со 1:2 го доби Питу Гули во меч кој се играше на теренот со вештачка трева во Прилеп.

Гостинот до победата дојде преку двата гола на Мартин Богески, од кој првиот беше постигнат во првиот дел, а вториот гол во второто полувреме. Во 90. минута Николче Ристески постигна гол за конечни 1:2.

Дреново го декласиреш Бучин со превисоки 5:1 на домашен терен, а во убедливата победа на мечот кој се играше во Возарци двапати за домашниот тим погодиц Армен Мемедов, а гол даде и Берхан Мемедов за 3:0 на полувреме.

Во вториот дел Андреј НИколоски намали на 3:1, а потоа Роналдо Фазлиов и Васко Јованов ги поставија конечните 5:1.

Десет гола во Мало Коњари, но немаше победник – реми од 5:5 на Влазними Јуниор и Ултрас и поделба на бодовите. Гостинот може да жали за изгубените два бода бидејќи имаше 1:3 на полувреме.

Дениес Шабаноски беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Мевлан Усеиноски, Емрула Велиоски и Хабијл Ибраими, додека пак за гостинот хет-трик постигна Бобан Тошески, а пак Христијан Баракоски и Миодраг Тасески постигнаа по еден гол.

Слободни екипи во рамки на ова рунда беа Слога од Лажани и Башкими 2008.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 17 13 2 2 54 8 +46 41
2 ФК ПРЕВАЛЕЦ 18 11 5 2 49 19 +30 38
3 ФК МЛАДОСТ 1930 17 10 2 5 39 16 +23 32
4 ФК БАШКИМИ 2008 17 9 5 3 32 18 +14 32
5 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 18 8 4 6 34 29 +5 28
6 ФК РОСОМАН-83 17 8 2 7 28 31 -3 26
7 ФК УЛТРАС 17 7 4 6 43 48 -5 25
8 ФК ПИТУ ГУЛИ 17 5 5 7 19 19 0 20
9 ФК Бучин 17 4 6 7 21 33 -12 18
10 ФК СЛОГА 1976 17 3 4 10 26 48 -22 13
11 ФК ДРЕНОВО 2016(-3) 17 3 5 9 23 43 -20 11
12 ФК Влазними Јуниор(-3) 17 4 2 11 28 53 -25 11
13 ФК ОБРШАНИ 12 1 0 11 8 39 -31 3
14 ФК МАРЕНА 0 0 0 0 0 0 0 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонска Каменица испишува нова спортска историја – формиран првиот ракометен клуб „Сокол Саса“

Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната мапа на Македонија. Со формирањето на Ракометниот клуб „Сокол Саса“, градот...

Ракомет

Познати екипи кои ќе учествуваат на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Во период од 20 до 23 август во Прилеп ќе се одржи 11. издание од Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешковски“, кој се организира...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а...

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!