КупФудбал

(ФОТО) КУП: Вардар е речиси во финалето, Струга Трим Лум има предност против Шкендија!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денес беа одиграни првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија, каде екипата на Вардар со сериозна предност од 3:0 патува на реваншот во Струмица, откако триумфираше убедливо против Брера на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

ФОТО: Спортска Мрежа

Вардар резултатот го отвори во 26. минута кога Фаустин Сегнор ја стресе мрежата на гостинот од Струмица за 1:0, а на што протестираа фудбалерите на Брера за офсајд позиција, но голот не беше поништен.

Во финишот на првиот дел Мислав Матиќ постигна гол за 2:0 по првите 45 минути. Во второто полувреме Горан Закариќ постигна гол за конечни 3:0 со што Вардар веќе со една нога е во финалето.

ФОТО: Спортска Мрежа

 

ФОТО: Спортска Мрежа

Во Тетово беше многу понеизвесно каде Струга Трим Лум со 1:2 преку пресврт ја доби Шкендија, со што стружани со предност патуваат во реваншот кој сега ќе се игра покрај Охридското Езеро.

Флорент Рамадани во 36. минута постигна гол за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Укпа погоди во 53. минута за 1:1, а пак во 82. минута Радески ги постави конечните 1:2 за триумф на Струга Трим Лум.

Реванш натпреварите се закажани за 23 април со почеток од 16 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!