Втора лигаФудбал

Реми во Штип и Куманово – Арсими и Македонија ЃП добија најмногу, Борец го „тресна“ Кожуф, пораз за Победа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Реми без голови на Башкими и Новаци со што гостинот извлече многу голем и важен бод во трката за директен опстанок во Втората лига, а во меч од 23. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Реми со по еден гол (1:1) на Брегалница и Детонит Плачковица на Градскиот стадион во Штип. Радовишани преку Смилков дојдоа до водство од 0:1, а Брегалница во финишот на првиот дел израмни на 1:1 преку капитенот Калпачки кој стигна до својот осми гол во тековната сезона. Во вториот дел и дете екипи имаа свои шанси и можеа да го решат мечот, но сепак мрежите мируваа, а тоа значеше и поделба на бодовите.

Вардар Неготино забележа важен триумф во трката за директен опстанок откако во Прилеп со голот на Ѓорѓи Шишков триумфираше со минимални 0:1.

Охрид на домашен терен со 2:1 ја совлада екипата на Каменица Саса во меч каде за домашниот тим стрелци беа Наумоски и Љога, а за гостинот погоди Зеќири.

Македонија ЃП со голот на Станковски дојде до победа од 1:0 над Скопје со што „лавовите“ го искористија киксот на Башкими и одлепија на врвот од табелата.


Арсими забележа победа од 3:1 над Осогово, победа која беше очекувана најдобриот стрелец на тимот од Чегране, Аљбин Рамадани постигна два гола, а пак Филип Јованов си постинга автогол, за „жетварите“ од Кочани токму Филип Јованов беше стрелец.

Беласица однесе висока победа над објективниот најслабиот тим во лигата Вардарски од 4:1. Богданоски беше двоен стрелец за струмичани, а пак Јовов и Стојанов постигнаа по еден гол, додека пак за гостинот од Богданци гол даде Трајчов.


Борец дава „знаци на живот“ откако со 2:1 го совлада Кожуф на домашен терен и го искористи поразот на Осогово, па сега одново е во трка и игра за баражот за опстанок. Сашо Дуков постигна гол за 0:1 на стартот од вториот дел, а потоа велешани преку Анчески и Османи направија пресврт за 2:1.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!