ФудбалФудбалска репрезентација

Пријава за УЕФА Ц курс

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

„Пред пополнување на пријавата, Ве молиме внимателно да ги разгледате критериумите за учество на УЕФА Ц курс, кои се објавени во деталите на документот подолу, за да бидете сигурни дека ги исполнувате основните услови за учество“, велат од ФФМ.

Едукативниот центар при ФФМ објави конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Ц курс – Генерација 10.

Конкурсот е ограничен на 30 места, кои се пополнуваат електронски. Ако се пријават 30 кандидати и ги пополнат соодветно полињата (електронски), конкурсот автоматски ќе се затвори, бидејќи квотата за кандидати ќе биде пополнета.

Ако квотата не се пополни, конкурсот ќе биде отворен најмногу 7 дена. Со цел да учествувате, секој заинтересиран кандидат е должен да го пополни соодветниот онлајн прашалник, кој ќе биде достапен до четврток, 10.04.2025 година. По овој датум, прашалникот автоматски ќе стане неактивен и конкурсот ќе биде завршен. Понатамошната комуникација во врска со курсот ќе продолжи само со кандидатите кои редовно го пополниле прашалникот. ФФМ го задржува правото конкурсот да биде затворен порано од наведениот краен рок.

Ненавремено или неуредно пополнување на прашалникот ќе значи дека нема да можете да учествувате на претстојниот УЕФА Ц курс.

Кон пополнување на пријавата може да се пристапи преку линкот подолу: (имате линк за пријава и код за аплицирање).

ПРИЈАВА ЗА УЕФА Ц КУРС

За можни нејаснотии и дополнителни прашања при апликација, можете да се обратите на следниот е-маил: slavisha.karovchevski@ffm.com.mk

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Нови задачи за македонските судии во Таранто: Ристов, Соклевска Илиевски и Цветановиќ на Италија – Алжир

Продолжуваат ангажманите на македонските фудбалски судии на Медитеранските игри во Таранто, Италија, каде и денес нашите арбитри ќе бидат дел од меѓународните натпревари....

Кошарка

Старделов останува помошник тренер на КК Кожув, но ќе има и нова задача

Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на КК Кожув. 24-годишниот тренер ќе ја продолжи својата работа како...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Нови задачи за македонските судии во Таранто: Ристов, Соклевска Илиевски и Цветановиќ на Италија – Алжир

Продолжуваат ангажманите на македонските фудбалски судии на Медитеранските игри во Таранто, Италија,...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!