Трета лигаФудбал

Службена победа за Влазерими, Тетекс убедлив со четири гола, Речица конечно победи!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс | АРХИВА
Сподели

Влазереми денешниот меч со Џепчишти го доби со службен резултат од 3:0, а причината е тоа што го стинската екипа по чекање од 30 минути не се појавила на теренот, во рамки на 15. коло на Трета лига – Запад.

Висока победа забележа Тетекс откако на гостувањет во Теарце „штофарите“ беа убедливи со 1:4 против Велазерими Слатино. Во првиот дел резултатот на полувреме беше 0:3 со што победата беше најавена за лидерот во Трета лига – Запад. Агон Елмази го отвори резултатот во 7. минута, до крајот на првиот дел стрелци беа Даут Даути и Ерјон Елмази.

Во вториот дел Бајрам Мемеди во 75. минута намали на 1:3, а пак во 83. минута Азис Јамини ги постави конечните 1:4.

Речица конечно се израдува на победа откако со 3:2 ја доби Дрита на домашен терен, а заслужен за победата беше Арѓент Зибери кој беше двоен стрелец за домашниот тим.

Резултатот го отвори Мухамед Адеми по девет минути игра за 1:0, а пак Хузри Земаили постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вторито дел Зибери со два гола обезбеди предност од 3:1, а пак Џемаили во 82. минута ги постави конечните 3:2.


Камјани забележа висока победа од 4:1 над Доброшти на крилата на Ивица Костадиноски кој беше стрелец на три гола за домаќинот, а еден гол постигна Ибраим Јусуфи во вториот дел. За гостинот Арбен Гафури погоди во 48. минута.

Натпреварот меѓу Ренова и Вардар Брвеница е закажан за 23. април, тогаш ќе биде комплетирано оваа 15. коло.


Како што претходно информираше Спортска Мрежа екипата на Љуботен со мининални 1:0 славеше над некогашниот прволигаш Напредок од Киечво со голот на Теодор Стојанов во 59. минута.

Во однос на табелата Тетекс е прв со 38 бодови, втор е Влазерими со 34 бодови, а пак на третото место е Џепчишти со 27 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!