Трета лигаФудбал

Превалец и Големо Коњари убедливи, Башкими 2008 се „сопна“ кај Бучин!

Сподели
Сподели

Денес се играа натпреварите од одложеното 16. коло во Трета лига – Југ, каде екипата на Башкими 2008 се „сопна“ во трката за првото место и баражот за Втора лига, откако одигра 1:1 на гостувањето кај Бучин.

Љавдрим Лазами во 44. минута постигна гол за 0:1 на полувреме, а на стартот на вторито дел Даниел Шопески постигна гол за 1:1. Екипата на Башкими 2008 најавува жалба за овој натпревар.

„Гостинот најавува жалба, проади играчот број 2, кој мисли дека не е регистриран. Играчот број 2 беше заменет во прво полувреме, гостинот барал да се евидентира кај делегатот. Гостинот ќе приложел снимка и слика и играчот. Натпреварот одигра по ПФИ“, се вели во записникот од мечот.

Петар Ристовски обезбеди победа за Венец откако со гол во 15. минута го реши натпреварот со Питу Гули, кој екипата од Долни Дисан го доби со минимални 1:0.

Висока и убедлива победа за екипата на Големо Коњари откако со 1:4 славеше над Слога во Лажани. Гостинот постигна гол преку Илчо Митревски за 0:1, а во 24. минута Виктор Стојаноски погоди за 1:1 на полувреме.

Во второто полувреме следуваа три гола за лидерот откако Борче Макешовски и Беким Алимоски постигнаа погодоци во десет минути за 1:3, а во финишот Христијан Кукески ги постави конечните 1:4.

Превалец беше убедлив против екипата на Ултрас, но овој меч не го дочека својот крај, бидејќи во 64. минута при резултат од 9:0 мечот беше прекинат бидејќи гостинот остана со шест играчи на натпреварот.


„Натпреварот започна со доцнење од 30 минути, точно во 15:30. При резултат 9:0 во 64. минута гостинската екипа поради тековно повредени и излезени играчи се сведе на шестмина активни играчи и натпреварот беше прекинат по ПФИ, минимален број на играчи“, се вели во записникот од мечот.

Инаку, двоејни стрелци беа Давид Спиридонов и Дејан Стефановски, а по еден гол постигнаа Пеце Стојанов, Александар Јордановски, Павле Петров, Филип Драскачев и Александар Крстевски.

Некогашнот второлигаш Росоман со 3:2 го доби Влазними Јуниор во меч каде беа постигна два автогола. Во првиот дел немаше погодоци. На стартот од второто полувреме Мевлан Усеиноски погоди за 0:1, а по две минути Флорим Бесими си постигна автогол за 1:1.


Во 63. минута Бојан Миланов беше прецизен за пресврт и 2:1 за домаќинот, а пак Желимир Трекиќ во 71. минута си постигна автогол за 2:2. Конечниот исход од 3:2 го постаи Миланов со втор гол за победа на Росоман.

Слободни во рамки на оваа коло беа Младост од Кривогаштани и Дреново.

Во однос на табелата лидер е Големо Коњари со 35 бодови, Башкими 2008 е втор со 32 бода, а пак Превалец е трет со 31 бод.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!